Вести Свет

Трамп планира да го објави почетокот на втората фаза од неговиот мировен план за Газа до Божик

Американскиот портал Аксиос пишува дека Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го објави почетокот на втората фаза од неговиот мировен план за Газа до 25 декември.

Според порталот, американскиот лидер има намера да „го објави влегувањето на мировниот процес во Газа во втората фаза пред Божиќ и да претстави нова структура што ќе управува со енклавата“.

Се очекува Трамп да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до крајот на декември за да разговара за овие чекори.

Изворите наведуваат дека втората фаза од планот ќе вклучува повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, распоредување на „меѓународни сили за стабилизација“ и почеток на структурите што управуваат со енклавата, вклучувајќи го и „Мировниот совет“.

Аксиос забележува дека клучниот елемент од првата фаза од планот – ослободувањето на сите киднапирани од палестинското движење Хамас и враќањето на останките од починатите заложници – е речиси завршен.

Според американскиот портал, „Мировниот совет“ ќе вклучува околу десетина западни и арапски лидери, а ќе го надгледува извршен комитет, во кој ќе бидат поранешниот британски премиер Тони Блер, претставникот на американскиот претседател Стивен Виткоф, зетот на Трамп, Џаред Кушнер и „неколку други“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе