Вести Свет

Eкс-шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини е уапсена поради финансиска измама на Академија на млади дипломати

Поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини е уапсена утрово, во обемна истрага за измама за финансирање на Академија за млади дипломати во Бриж објави „Еуроактив“. Могерини ја водеше Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС) од 2014 до 2019 година. Белгиската полиција извршила рации во дипломатската служба на Европската унија, Колеџот на Европа и во приватни домови како дел од истрагата за наводна злоупотреба на средствата на ЕУ, при што се уапсени три лица.

Освен Могерини уапсен е и Стефано Санино, висок функционер на Европската комисија, поранешен генерален секретар на европската дипломатија, кој во моментов ја извршува функцијата генерален директор во Европската комисија на Одделот на за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот, а според „Еуроактив“ аупсен е и вработен во Колеџот на Европа од Одделот за извршно образование.
Од Колеџот, каде Могерини е директорка на Академијата од 2022 година, велат дека не знаат дали таа е уапсена без давање дополнителни информации за настанот.

Од Европската комисија потврдија дека полиција влегла во зградата на Европската служба за надворешни активности, но без било камви детали за случајот на апсењата.

„Може да потврдиме дека полицијата беше во зградата на Европската служба за надворешни активности како дел од тековна истрага за активности кои се случиле во претходен мандат и немаме повеќе информации за вас со оглед дека станува збор за истрага која е во тек“, изјави Анита Хипер, портпарол на ЕЕАС.

„Се сомневам дека ќе бидеме во можност да ви дадеме било што други во оваа фаза“, беше кратка Паула Пино, портпаролката на Европската комисија.

Истрага се спроведува по обвинувањата дека ЕЕАС и Колеџот на Европа – злоупотребиле јавни пари на ЕУ во 2021 и 2022 година. Во истрагата учествуваат белгиската федерална полиција и канцеларијата на ЕУ за борба против измами, OLAF, предводени од Јавното обвинителство на ЕУ.

Како што објави „Еуроактив“, истражителите испитуваат дали Колеџот на Европа или неговите претставници имале претходно знаење за јавен тендер за финансирање на новата Дипломатска академија на ЕУ, годишна програма за обука на европски дипломати во Бриж, финансирана од европската дипломатска служба.

Истражителите се фокусирани на купувањето на зграда во Бриж од страна на колеџот за 3,2 милиони евра, во која се сместени дипломати кои ја посетуваат академијата. Зградата биле купена во 2022 година, а кратко пред ЕЕАС да објави тендер со кој подоцна на институцијата ѝ беа доделени 654.000 евра финансирање. Истражителите ги испитуваат информциите дека Колеџот на Европа и неговите претставници имале пристап до доверливи информации за тендерот, кои требало да останат доверливи за да се овозможи фер конкуренција меѓу институциите кои се натпреварувале да бидат домаќини на новата академија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе