Емисии Нексус-Глобален магазин Свет

Масовните гробници го одбележуваат мачењето на киевското предградие Буча

Масовните гробници и изгорените цркви го одбележуваат мачењето на киевското предградие Буча под руска окупација, каде што трауматизираните жители сега се соочуваат со нова мака: Мировен предлог предводен од САД што би понудил општа повоена амнестија за сторителите на злосторства.

За преживеаните од Буча, каде што стотици Украинци беа убиени во 2022 година, предложената амнестија се перцепира помалку како помирување отколку како извор на разочарување и ги одразува пошироките загрижености во Украина за импликациите од аболицијата на руски војници и функционери за наводни злосторства.

Црквата „Апостол Андреј“ во градот се наоѓа покрај масовна гробница каде што се закопани цивили – некои застрелани на улица, други со знаци на мачење.

Отец Андриј Халавин, кој ја води парохијата во сè уште оштетената црква, порача дека секоја амнестија би легитимирала понатамошно насилство додека војната продолжува.

-Јас го гледам ова од гледна точка на црквата. Ова значи дека на сите злосторства им се дава зелено светло. Тоа ќе значи  дека нема казни за воени злосторства. Тоа е, додека преговараме, тие можат да продолжат да го бомбардираат Тернопол, да продолжат да пукаат во војниците – цинично, дрско, самоуверено, знаејќи дека ништо нема да им се случи, вели Отец Андриј Халавин.

Масовните убиства беа откриени кога руските сили се повлекоа од областа по нивниот неуспешен обид да го освојат Киев во првите недели од инвазијата во 2022 година.

Според него многу сторители веќе се идентификувани. Тој исканува дека правдата го бара тоа и не треба да се смета за одмазда, туку докажување дека одговорноста сè уште е важна – особено затоа што од Украинците се бара да направат дузина болни компромиси за мир.

Предложениот мировен договор од 28 точки следеше по серијата средби на специјалниот мировен пратеник на Трамп, Стив Виткоф со претставници на Русија, меѓу кои и Путин. Од таа нетранспарентна дипломатија на Виктоф, како што многумина во Вашингтон ја сметаат, произлегоа предлози Украина целосно да се откаже од трите региони во кои повеќе од 11 години води војна да ги зачува од рускиот апетит.

На воените гробишта во Буча, 66-годишната Вира Катаненко секој ден го посетува гробот на својот син Андриј, кој бил убиен во битка во регионот Доњецк минатата година. За неа, мировниот план и предложената амнестија се незамисливи.

Нека дојдат  овде синовите на Трамп. Да ја почувствуваат нашата болка, да го видат сето ова. И можеби тогаш ќе се предомислат. Војната раѓа омраза, кај многу Украинци постои омраза (против Русија), таа е вечна, иако тоа не би требало да се изговори. Ќе зборувам за себе. Да, мојот син… Мојот син е закопан таму, изјави Вира Катаненко-мајка на убиен војник

 Раселените Украинци од окупираните територии се растргнати помеѓу желбата војната да заврши за тие да се вратат во своите домови, и националната грижа на совеста сите досегашни жртви да не биле залудни.

-Треба да бидете компетентни. Што можеме да очекуваме од страните? Ако немам информации, не можам да одговорам на тоа прашање. Како човек од Донецката област, веќе се помиривме со сè, но би сакала луѓето да престанат да умираат. Украинците не треба да умираат, младите мажи и децата не треба да умираат. Веќе се помирив со тоа. Многу, многу ми недостига (мојот дом) и мислам дека сите што го напуштија нашиот град плачат. Сите сакаат да се вратат дома, апсолутно сите. Но, се помиривме со тоа за луѓето повеќе да не страдаат, вели Јулија Бурлака,  внатрешно раселено лице од сега окупираното Селидове, Доњецка област.

-Ако ги прифатат овие услови, тоа нема да биде многу добро. Бидејќи за што се бореа нашите луѓе, само за да ни биде одземена земјата? Не ми се допаѓа таа опција. Да имаше други услови, ако ги напуштат нашите територии, тогаш да, би се согласила. Но, кога ќе ни ја одземат територијата, каде што живеевме целиот наш живот, каде што се нашите домови, не се согласувам, изјави Тетиана Харкивска, вдовица.

Додека дипломатски претставници од Европа и САД од безбедноста која ја обезбедуваат далечината од илјадници километри од фронтот дебатираат за непосредната иднина на Украина, за Украинците воената реалност е бескраен кошмар.

На кратко возење од Буча, ожалостени граѓани се собраа на погребот на војникот Руслан Жихунов, 41-годишен војник убиен во источна Украина.

Неизвесноста околу мировниот план силно ги оптоваруваше роднините и соседите додека го гледаа погребот на дожд – уште еден потсетник, рекоа тие, за тоа колку кревка се чувствува секоја ветена иднина сега.

К.К.

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе