Вести Најважни Свет

„Би-Би-Си“: Демонстрантите во Грузија растерани со хемикалија од Првата светска војна

Грузиската полиција користела хемиски агенс „камит“, развиен во Првата светска војна, во водените топови врз демонстранти во Тбилиси за време на протестите против одлуката на грузиската влада да ги суспендира преговорите за членство во Европската унија.

Протестантите пријавиле болно горење на кожата, кашлица и задушување што траеле со недели, пишува „Би-Би-Си“. Истражувањето се темели на сведоштва на лекари и поранешни полицајци, како и на интерен полициски документ од 2019 година.

Докторите утврдиле и нарушувања на срцевата функција кај дел од изложеноста на агенсот. Грузиските власти ги нарекоа наодите „апсурдни“, но експертите предупредуваат дека користење агенс со долготрајни последици може да претставува прекршување на човековите права.

Протести во Грузија влегова во втората година, откако минатата грузиските власти го прекинаа процесот на интеграција кон ЕУ, само 11 месеци откако државата доби статус на кандидат.

Оваа одлука го шокираше населението, од кое 80% се идентификуваат како проевропски настроени. Стотици илјади луѓе излегоа на улиците за да протестираат против „рускиот режим“ – прекарот за владејачката влада на оваа поранешна советска република на Кавказот – обвинувајќи ја дека е под контрола на Москва.

Протестите продолжуваат без водач, поради непопустливиот режим, и репресијата врз медиумите, невладините организации, опозицијата државните служби и универзитетите. Казните за учество на протестите стануваат се построги, како и ограничувањето на слободата на изразување. Дополнително стапија и верзијата на законот за „странско влијание“.

Покренати се кривични истраги против независни групи за надзор, вклучувајќи го и Меѓународното здружение за фер избори и демократија (ISFED), кое ги следи изборите. Бирото за јавни служби беше распуштено, изложувајќи ги државните службеници на политички мотивирани отпуштања.

Владејачката партија Грузиски сон објави темелна ревизија на изборниот законик. Ова ќе ги принуди грузиските граѓани кои живеат во странство да гласаат на грузиска почва на парламентарните избори.

T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се огласи по наводниот план на Иран за негов атентат: Американската војска е подготвена да ги уништи сите ирански области

Tea Dimkovska

Во пожарот во Шпанија загинаа 12 лица – се трага по 23 лица исчезнати во огнената стихија

Tea Dimkovska

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе