Украинските анти-корупционери влегоа во домот на Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Претседателот на државата, Володимир Зеленски.
Една од две главни независни агенции кои се борат против корупцијата, анти-корупциското биро, Набу, потврди дека спроведуваат истрага која била одобрена, додавајќи дека нови детали дополнително ќе бидат објавени.
Корупциски скандал опфати неколку високи владини претставници блиски до Зеленски, иако досега и тој и неговата десна рака, Јермак, не беа обвинети за некое кривично дело.
Андриј Јермак, 54, е најблискиот соработник на Зеленски во текот на руската инвазија. Тој исто така е и главниот преговарач на официјален Киев во мировните разговори со САД, но неговата позиција во последно време е под сериозна закана и расте бројот на критичари кои го повикуваат да си поднесе оставка.
На својот профил на X, Јермак потврди дека припадници на НАБУ и специјализираното анти-корупциско тело, „вршеле процедурални активности во неговиот дом“ и добиле целосен пристап во станот, каде биле присутни и неговите адвокати. „Од моја страна, јас целосно соработувам со нив“ – додава Јермак во објавата.
Голем корупциски скандал ја потресе Украина овој месец, откако истражните органи поврзаа неколку високи претставници на власта со злоупотребата на над 100 милиони долари, во корупциски скандал во енергетскиот сектор.
Двете анти-корупциски агенции, НАБУ и САП, соопштија дека откриле екстензивна шема на мито и корупција, поврзани со државната компанија „Енергоатом“, која раководи со нуклеарните централи на Украина.
Н.И
