Израелските безбедносни сили смртно застрелале двајца Палестинци, откако тие веќе им се предале во текот на безбедносната операција во градот Џенин, на окупираниот Западен Брег.
На видео снимката се гледа како Израелските сили го уриваат влезот во гаража на една Палестинска куќа од каде излегуваат двајца мажи. Тие ги држат рацете во воздух и се обиколени од повеќе војници кои ги клоцаат. Еден од Палестинците го крева својот џемпер да покаже дека не е вооружен а двајца клекнуваат на земја.
Набргу потоа, Израелските војници ги упатуваат да влезат во куќата од која излегле и додека тие се повлекуваат назад, се слушаат повеќе истрели од огнено оружје, кои ги усмртуваат Палестинците.
Според соопштението на Израелската војска и полицијата тие се обидувале да уапсат лица поврзани со терористички активности, вклучувајќи и напади против израелските сили.
Израелскиот екстремно десничарски министер за безбедност, Итамар Бен Гвир, целосно ги поддржа војниците кои учествувале во операцијата, оценувајќи дека тие постапиле така како што се очекува од нив.
Терористите мора да умрат, додава Бен Гвир.
Израелското насилство на Западниот Брег екскалираше во последните неколку години, во текот на разорната воена кампања на еврејската држава во Газа.
Израелските војници или доселеници убиле повеќе од 1000 Палестинци во овој период, проценуваат Обединетите Нации.
Н.И
