Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од двајцата припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија, кои беа застрелани од авганистански државјанин во близина на Белата куќа, починал, нарекувајќи го напаѓачот, кој соработувал со ЦИА во неговата родна земја, „дивјачко чудовиште“.
Како дел од неговиот повик до американските трупи за Денот на благодарноста, Трамп рече дека штотуку дознал оти припадникот на специјалните сили, Сара Бек-Стром починала, додека 24-годишниот водник Ендру Волф „се бори за живот“.
-Ми е чест да разговарам со толку многу неверојатни членови на американската војска и да ви посакам на сите вас среќен Ден на благодарноста. Пред да започнеме, сакам да ја изразамболката и ужасот на целата наша нација од терористичкиот напад во главниот град на нашата нација, во кој дивјачко чудовиште застрела двајца припадници на Националната гарда на Западна Вирџинија, кои беа распоредени како дел од работната група на Вашингтон, која заврши неверојатна работа. Мислам, до вчера буквално немавме инциденти многу месеци. Беше најбезбедното место што може да се замисли, а ова е поинаков вид криминал. Ова е навистина лош криминал. Милиони Американци се молат за тие херои и нивните семејства, и за жал морам да ви кажам дека само неколку секунди пред да продолжам, токму сега слушнав дека Сара Бекстром од Западна Вирџинија, една од гардистките за кои зборуваме, и е високо почитувана, млада, прекрасна личност. Започнала со служба во јуни 2023 година. Извонредна во секој поглед. Таа штотуку почина, кажа Трамп.
