Три лица загинаа, стотици беа принудени да ги напуштат своите домови по големите поплави во Бугарија. Неколку дела се под вода во југоисточниот дел на земјата, во неколку градови на брегот на Црното Море е прогласена вонредна состојба. Тешко се оштетени делови од крајбрежниот регион, а автомобили и приколки во одморалиштето Елените завршиле во морето. Во прекин е регионалниот јавен превоз по екстремните врнежи од дожд кои на места достигнаа и 400 литри на квадратен метар.
Во истовреме, северозападните делови на Бугарија се погодени од обилни врнежи од снег, што предизвикаа прекини во електричната енергија во неколку планински села. Патиштата и планинските превои се затворени за сообраќај, а железницата пријави доцнења и откажувања на возови поради паднати дрвја што ги оштетија надземните далноводи.
