Шест луѓе се повредени, меѓу кои и тинејџер, во пукање што се случи ноќеска во шведскиот град Евлe, 170 километри северно од Стокхолм, пренесува „Експресен“.
Осомничен за инцидентот е момче на возраст под 15 години кој ќе биде сослушан во текот на денот, соопшти локалната полиција.
Сите повредени на возраст меѓу 15 и 18 години се итно превезени во болница и според информациите, ниту еден не е во животнозагрозувачка состојба.
Мотивот за пукање е непознат, а полицијата не се сомнева дека инцидентот е поврзан со тероризам.
