Ниту една опција не е исклучена при влез на руски борбени авиони во европскиот воздушен простор, порача францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.
Тој нагласи оти ја потцениле Русија и порача дека на Русија се гледа како најголема структурна закана за Европјаните, наведувајќи мешање во кампањи за избори, сајбер напади, атентати на ривали и ширење на лажни информации.
„Наивни сме ако не препознаеме дека руска тајна војска се шири во нашите демократии. Се состои од оние мали анонимни војници кои ги нарекуваме дигитални ботови. Тие манипулираат со демократијата во Франција, во Германија и ширум Европа“, предупреди Макрон.
Запрашан за коментар по предлогот на Европската комисија за користење на замрзнаиот руски имот како гаранција за исплата на воени штети на Украина, францускиот претседател повтори дека имотот не може едноставно да се конфискува, бидејќи тоа ќе доведе до кршење на меѓународното право.
За почетокот на 2026 година најави говор за француската нуклеарна доктрина кој моментно се ажурира.
„Францускиот нуклеарен чадор постои. Моментно работиме на ажурирање на нашата доктрина и сакам да продолжиме да го продлабочуваме нашиот стратешки дијалог со Европјаните кои сакаатда учествуваат“, одговори Макрон.
С.Д.
