Вести Свет Топ вести

Американскиот федерален судија го запре отпуштањето на стотици вработени од Гласот на Америка

Федерален судија во Вашингтон ѝ наложи на администрацијата на Доналд Трамп да го запре отпуштањето на стотици вработени од Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), која е сопственик на Гласот на Америка.

Судијата Ројс Ламберт наведе дека владините претставници покажале „вознемирувачко непочитување“ на наредбите на судот. Тој го блокираше планот за отпуштање додека разгледува дали УСАГМ се придржувала до наредбата што ја издаде во април „да ја исполни својата законска должност да обезбеди Гласот на Америка постојано да биде сигурен и авторитативен извор на вести“.

Од УСАГМ отказ добиле 532 вработени на полно работно време, а ВОА, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп беше затворен во март.

Според судијата Ламберт, УСАГМ и нејзиниот извршниот директор, Кери Лејк, „немаат план да се придржуваат до прелиминарната забрана“.

– Наместо тоа, тие чекаат да заврши фискалната година, додека продолжуваат да го кршат дури и најограниченото толкување на законските обврски на УСАГМ и ВОА, посочи Ламберт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последен ден за договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Фон дер Лајен денеска во Киев, најави иницијативи за соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија

Kristina Kuzmanovski

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе