Вести Свет

Двојно убиство кај Деспотовац – внук осомничен дека ги убил баба му и дедо му

Во семејна куќа во близина на Деспотовац, Србија, пронајдени се безживотните тела на сопружниците М.Р. (79) и Ж.Р. (76). Според првичните информации од српските медиуми, за убиството е осомничен нивниот внук, кој по наводното извршување на делото побегнал со автомобил.

Жителите на селото се во шок и велат дека убиените биле мирни и чесни луѓе, добро познати и почитувани во заедницата.

За осомничениот млад човек велат дека не покажувал проблематично однесување, но се шпекулира дека можната причина за злосторството би можела да биде поврзана со пороци или долгови.

Телата на сопружниците биле пронајдени во локва крв од страна на роднини, кои веднаш ја известиле полицијата.

Истражен тим и јавен обвинител извршиле увид на местото на злосторството, а потрагата по осомничениот е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Бугарија има најмногу болнички кревети на 100 000 жители – 870, каква е состојбата во Македонија?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе