Вести Најважни Свет

Најавени 250 собири во Франција, се очекуваат меѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

Најавени 250 собири денеска  по повод Денот на социјалната мобилизација, а според француските медиуми се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти низ целата земја.

Според проценките на француското Министерство за внатрешни работи, се очекува да протестираат во Париз помеѓу 50.000 и 100.000 луѓе.

Синдикатите најавија масовен одѕив на просветни работници, студенти, транспортни работници, таксисти и работници во индустријата, додека речиси 80.000 полицајци ќе бидат распоредени за да обезбедат јавен ред и да спречат немири.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бруно Рејтајо, рано утрово, извести за „обид за блокади“ во парискиот регион, особено автобуските станици во Обервилие и Сен Дени.

Прекини во јавниот превоз беа пријавени во неколку поголеми градови низ земјата, вклучувајќи ги Лион (трамваи, автобуси), Марсеј (автобуси), Лил (метро, ​​трамваи, автобуси), Тулуз (метро, ​​автобуси), Бордо (трамваи, автобуси), Нант (трамваи, автобуси) и Стразбур (трамваи, автобуси), јавија француските медиуми.

Денот на социјална мобилизација беше најавен кон крајот на август како одговор на мерките за штедење на буџетот предложени од поранешниот министер за финансии Франсоа Бајру.

Овие мерки предизвикаа отпор од синдикатите, кои изразуваат незадоволство од намалувањето на социјалните права.

На претходниот протест, одржан на 10 септември, се собраа речиси 197.000 луѓе, според податоците од Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе