Израелската армија во текот на ноќта ги интензивираше нападите врз Газа, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додавајќи дека целта е ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас. „Газа Гори“, напиша Кац на Телеграм.
Според него, додека мисијата не биде завршена, Израел нема да попушти, ниту да се откаже од нападите.
Како што објави американскиот портал „Аксиос“, оваа операција го означува почетокот на копнена офанзива во најголемиот град во Појасот Газа.
Во текот на ноќта, израелските воени авиони извршија континуирани напади врз градот Газа, придружени со артилериски оган.
Според непотврдени информации од израелската армија, во градот се влезени и тенкови.
Махмуд Басал, портпарол на цивилната заштита предводена од Хамас во Газа, изјави дека гранатирањето сè уште е силно низ градот Газа, а бројот на мртви и ранети продолжува да расте.
