Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во четврток го отфрли предлогот на десничарските фракции да се одржи минута молчење за убиениот американски конзервативен влијателен човек Чарли Кирк, објавува Politico.
Иницијативата првично ја предложи Чарли Вајмерс, европратеник од десничарските Европски конзервативци и реформисти (ECR), како симболична мерка „да се прогласи дека нашето право на слобода на говор не може да се изгасне“, стои во електронскиот циркулар со десетици европратеници, во кој имеше увид Politico.
Дека потсетиме дека Кирк беше застрелан на Универзитетот Јута Вали во средата додека држеше говор. 31-годишниот маж беше столб на конзервативната политика, а неговото убиство предизвика излив на тага, вклучително и од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
