Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воздушниот напад врз раководството на Хамас во Катар може да „го отвори патот“ кон завршување на војната во Газа. Тој нагласи дека Израел дејствувал „целосно самостојно“ и ја презема „целата одговорност“ за акцијата, која претставува сериозна ескалација и ризикува да ги наруши мировните преговори.
Катар, кој долго време посредува меѓу Израел и Хамас, остро го осуди нападот, нарекувајќи го „грубо кршење на меѓународното право“.
Земјата е дом на илјадници американски војници и игра клучна дипломатска улога во регионот.
Меѓувреме, Израел се подготвува за нова голема офанзива во Газа, додека притисокот од меѓународната заедница и од внатрешноста на Израел расте поради стравувањата дека продолжението на нападите ќе ги загрози преостанатите заложници.
Судбината на мировните преговори останува неизвесна.
