Вести Свет Топ вести

Eдно лице загина 28 се повредени по руски напади во Запорожје

И покрај обидот за посредништво на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната меѓу Украина и Русија, нападите продолжуваат. Најмалку едно лице загина, а 28 се повредени, меѓу кои и деца, по руски ракетен напад во Запорожје во јужна Украина при напад на станбена зграда.

Со дронови и проектили предизвикани се големи пожари, кои во текот на ноќта се гаселе од страна на противпожарните служби. Украинскиот претседател Зеленски ја обвини Москва дека го користи времето доделено за подготовка на состаноци за примирје, и наместо тоа планира нови масовни напади.

Од друга страна руските медиуми пренесуваат дека се погодени рафинерии за нафта во областа Краснодар и Самара. Забележани се  експлозии и детонации, а активиран е ѝ системот за противвоздушна одбрана. Русија потврди дека станува збор на украински напад со дрон кој предизвикал огромни штети на околу 300 квадратни метри.

Руското министерството за надворешни работи ја префрла вината на украинските власти дека го саботираат преговарачкиот процес, додека Украина, пак побара итна седница на Советот за безбедност при Обединети нации.  Европските министри денес се на работен состанок во Копенхаген да разговараат за евентуалниот мировен договор меѓу Русија и Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе