Вести Најважни Свет

Семејства од градот Газа се селат пред големата израелската операција

Преживеаните семејства  во градот Газа ги собираат своите преостанати работи и се подготвуваат да се преселат во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната операција на Израел.

Стотици Палестинци ги напуштија своите домови и засолништа во најголемиот град во Газа и неговата околина, бидејќи израелските сили ги зголемија нападите пред да ја започнат офанзивата во најголемиот град.

Садам Ал-Јажи е еден од многуте Палестинци што се на пат да се евакуира, но нема воопшто поим каде ќе оди.

„Ситуацијата е тешка. Не знаеме каде одиме“, рече Садам Ал-Јажи.

„Ова е првпат да одам и да не знам каде ќе одам. Армијата фрла гранати и експлозивни направи, застрашувачки е“ додава тој.

Израелската војска ги нападна источните делови на градот Газа, како и бегалскиот камп Џабалија каде претходно беа нападнати и неколку народни кујни во кои жителите ја бараа  тронката надеж за да се прехранат.

Војската дополнително им нареди на жителите да се преселат кон југ, во областите кои веќе се преполни со раселени лица во централна Газа и Муваси. Пристигнатите веќе ги поставуваат своите шатори во централните градови Деир ал-Балах и Заваида.

Министерот за одбрана на Израел предупреди дека градот Газа може да биде уништен во нова воена операција, дури и додека таму се шири глад.

Израел ја отфрли декларацијата за глад базирана на податоци како „целосна лага“. Напорите за прекин на огнот се во мирување додека медијаторите чекаат следните чекори на Израел.

Со копнените трупи веќе активни во периферијата на градот Газа, воената операција би можела да започне за неколку дена во област со стотици илјади цивили. Израел вели дека градот Газа е сè уште упориште на Хамас, со мрежа од милитантни тунели.

Обединетите нации и меѓународните хуманитарни групи изјавија дека таков напад би можел дополнително да ја влоши веќе тешката хуманитарна криза на опколената територија. Повеќето од над 2 милиони жители на Газа се раселени неколку пати, а поголемиот дел од територијата е во урнатини.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 17.000 хектари изгорено земјиште во големите шумски пожари во Франција

Sasko Dimovski

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам

Sasko Dimovski

ЕУ воведува нови правила за патници во авионскиот сообраќај – денеска ќе се одобрат, во сила ќе стапат во 2027 година

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе