Вести Свет Топ вести

Венс: Русија направи отстапки првпат по три години од почетокот на војната

Американскиот потпретседател Џej Ди Венс изјави дека Русија направила „значајни отстапки“ за првпат по повеќе од три години од почетокот на војната во Украина.

„Всушност, тие беа спремни да бидат флексибилни во однос на некои од нивните основни барања“ рече Венс. 

Венс рече дека иако војната не е завршена, САД се вклучени во дипломатскиот процес со цел  Русија и со Украина да најдат заеднички јазик да се запре убивањето.

Според Венс, претседателот Трамп спроведува „многу агресивна и енергична дипломатија“ поради тоа што војната не е во ничиј интерес.

„Не е во интерес ниту на Европа ниту на САД. Не мислиме дека е во интерес ниту на Русија, а ниту на Украина. Затоа ќе продолжиме да се залагаме за дипломатско решение“ изјави Венс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе