Вести Свет Топ вести

Разрешен шефот на ДИА, американска агенција за воено разузнавање

Шефот на Агенцијата за воено разузнавање на САД (ДИА), генерал-потполковник Џефри Круз, е разрешен од должноста, објави потпретседателот на Комитетот за разузнавање на Сенатот, Марк Ворнер.

„Смената на уште еден висок функционер за национална безбедност ја истакнува опасната навика на администрацијата на Трамп да ги подложува разузнавачките информации на тест за лојалност, а не како алатка за заштита на нашата земја“, изјави сенаторот Ворнер.

ДИА и Пентагон сè уште не ја коментираа веста за отпуштањето.

Критичарите на Трамп и дел од медиумите ова го оценуваат како нов обид да се казнат сегашни и поранешните воени, разузнавачки и полициски службеници чии ставови се разликуваат од оние на републиканскиот претседател.

Причините за отпуштањето на Круз не се посочени, но неодамна во медиумите протече прелиминарна проценка од Агенцијата за воено разузнавање, дека американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни локации на 22 јуни само ја одложиле програмата на Техеран за неколку месеци. Ова е спротивно на тврдењето на Трамп дека целите биле „уништени“.

Белата куќа ја осуди проценката како „тотално погрешна“, а Трамп ги нападна „Си-Ен-Ен,“ „Њујорк Тајмс“ и другите медиуми што ги објавија информациите, нарекувајќи ги „наркомани“ и „пренесувачи на лажни вести“.

Во април, Трамп го отстрани генералот Тимоти Хау од функцијата директор на Националната агенција за безбедност (NSA) во чистка што засегна повеќе од десетина членови на Националниот совет за безбедност на Белата куќа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе