Додека сојузниците на Украина дебатираат како да ѝ обезбедат безбедносни гаранции, Киев напредува со свој начин на одвраќање на Русија – нова крстосувачка ракета способна да погоди цели низ европска Русија, носејќи огромна боева глава тешка повеќе од еден тон, пишува политико.еу.
Ракетата е Фламинго ФП-5 е развиена од украинската одбранбена компанија „Фајт Поинт“ (Fire Point), брзорастечки производител на борбени беспилотни летала кои станаа клучно оружје во војната.
„Не сакавме јавно да го објавиме ова, но сè чини дека времето е вистинско. Фламинго е крстосувачка ракета со долг дострел која може да носи боева глава и да лета 1.800 милји до Русија“, изјави Ирина Терех, извршна и техничка директорка на компанијата, за политико.еу.
„Го смисливме доста брзо. Развојот од идеја до првите успешни тестови на бојното поле траеше помалку од девет месеци. Не можам да ви ја кажам нејзината точна брзина, но можам да кажам дека е побрза од која било друга ракета што ја имаме во моментов“, рече Терех, додавајќи: „Целосно е произведена во Украина“.
Фламинго сега е во сериско производство, а овој месец беше произведена 211-та ракета. „До декември ќе имаме уште многу“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда, одбивајќи да даде дополнителни детали.
Се чини дека американскиот претседател Доналд Трамп е поотворен за украински напади длабоко во Русија. „Многу е тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата на агресорот“, напиша тој вчера на социјалните медиуми, додавајќи: „Интересни времиња претстојат!!!“.
Фото: printscreen/youtube
