Вести Свет

Швајцарија ќе му понуди имунитет на Путин ако средбата со Зеленски се одржи во Женева

Швајцарија ќе му даде имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај обвинението против него пред Меѓународниот кривичен суд, под услов да допатува на мировна конференција, изјави денеска швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињасио Касис.

Сојузната влада лани ги дефинираше условите за давање на имунитет на лица под меѓународна потерница, во случај поединецот да доаѓа на мировна конференција, наместо од приватни причини, истакна Касис на прес-конференција со неговиот италијански колега Антонио Тајани во Берн.

Пораката од Касис доаѓа по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон која ја гледа Женева како можен град домаќин на претстојниот состанок меѓу рускиот лидер Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Макрон притоа додаде дека Женева не е само хипотеза, туку колективна волја, бидејќи желба е состанокот да се одржи во некоја неутрална држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе