Вести Свет

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ казнета со 59 милиони долари за нелегални отпуштања

Авиокомпанијата „Квантас Ервејс“ казнета со 90 милиони австралиски долари, односно 59 милиони американски долари за нелегално отпуштање на повеќе од 1.800 вработени на почетокот на Ковид пандемијата.

Казната е дополнителна на 120 милиони австралиски долари (78 милиони америкнски долари) надомест што најголемата австралиска авиокомпанија веќе се согласи да им ги исплати на своите поранешни вработени.

Судијата на австралискиот федерален суд, Мајкл Ли, рече дека аутсорсингот на 1.820 работни места за ракување со багаж и чистење на австралиските аеродроми кон крајот на 2020 година е „најголемото и најзначајното прекршување“ на релевантните австралиски закони за труд во нивната 120-годишна историја.

„Квантас“ се согласи во декември минатата година да плати 120 милиони австралиски долари надомест на поранешниот персонал, откако седум судии на Високиот суд едногласно ја отфрлија жалбата на авиокомпанијата со седиште во Сиднеј против пресудата дека аутсорсингот на нивните работни места е нелегален.

Синдикатот на транспортните работници, кој ја тужеше авиокомпанијата, тврдеше дека авиокомпанијата треба да ја добие најголемата достапна казна во износ од 121.212.000 австралиски долари.

Судијата Ли пресуди дека минималната казна за создавање одвраќање треба да биде 90 милиони австралиски долари, истакнувајќи дека раководителите на „Квантас“ очекувале да заштедат 125 милиони австралиски долари годишно преку аутсорсинг на работните места.

Ли истотака ја доведе во прашање искреноста на извинувањето на „Квантас“ за нејзиното нелегално однесување, истакнувајќи дека авиокомпанијата подоцна безуспешно тврдеше дека не им должи никаква компензација на своите поранешни вработени.

Мајкл Кејн, национален секретар на синдикатот кој брои 60 илјади членови, рече дека се чувствува оправдан од пресудата со која се завршува петгодишната правна битка во која се очекуваше „Квантас“ да ја добие.

„Ова е најзначајниот индустриски исход во историјата на Австралија и испраќа навистина јасна порака до Квантас и до секој работодавач во Австралија: „Однесувајте се нелегално кон вашата работна сила и ќе бидете одговорни, наспроти сите очекувања, се соочивме со гигант кој се покажа како немилосрден и победивме“, изјави Кејн за новинарите.

Извршната директорка на Квантас, Ванеса Хадсон, која беше главен финансиски директор на авиокомпанијата за време на отпуштањата, по одлуката изјави: „Искрено им се извинуваме на секој од 1.820 вработени кои страдаа како резултат на тоа“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе