Вести Свет

Русите очекуваат продуктивен самит меѓу Путин и Трамп во Алјаска кој ќе трае најмалку 6-7 часа

Самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Москва тргнува од претпоставката дека лидерите прво ќе имаат приватен разговор.

„Сега се чини дека на него ќе учествуваат и помошници. Потоа ќе има преговори во рамките на делегациите, евентуално во формат на работен ручек. Потоа лидерите ќе се разотидат некое време, а потоа ќе се соберат на заедничка прес-конференција. Па, генерално, може да се замисли дека, се разбира, ќе бидат потрошени најмалку 6-7 часа за ова“, рече Песков.

Како што додаде, руската страна очекува средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска да заврши продуктивно. Американскиот претседател Доналд Трамп лично ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин откако неговиот авион ќе слета во Алјаска, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе