Вести Свет Топ вести

Митровиќ: Ме нападнаа хулигани кои сакав да ги снимам, повреден сум и шиен

Нападнат од хулигани на синоќешните протести во Белград беше и пратеникот на ССМ, Предраг Митровиќ, и тоа како што вели тој пред очите на полицијата која не му пружила никаква заштита.

„Она што се случи синоќа токму овде пред Министерството за надворешни работи е тоа што јас сакав да направам снимка од хулиганите кои зад грбот на полицијата цела вечер фрлаа топовски удари, бакли, петарди и други пиротехнички средства врз граѓаните на Србија, значи ја користеа полицијата како жив штит за да ги напаѓаат граѓаните, а полицијата наместо да ги растерува нив ги растеруваше демонстрантите. Јас се вратив кога полицијата се разотиде и од оддалеченост сакав да направам снимка од хулиганите да видиме кои се и што се, меѓутоа тие ми пријдоа, јас им кажав дека сум народен пратеник и сакам да направам снимка им реков дека не можам да направам снимка и тие се залетаа околу седум-осум со фантомки и шипки и тргнаа кон мене ме приклештија на оградата на МНР ме удираа по телото по главата. Добив повреда на главата и шиен сум. Ги прашав што правите, бидејќи од моја страна немаше ниту една провокација“, изјави Предраг Митровиќ, пратеник од ССМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се дигна вредноста на Еуростандард зградата за една година во државни раце

Дејан Дејан

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе