(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) На синоќешните демонстрации низ Србија уапсени се повеќе десетина лица, а на социјалните мрежи, граѓаните споделуваат снимки од полициските активности меѓу кои има и повеќе случаи на брутално претепување на веќе совладани демонстранти.
Во Ваљево, според организацијата Ваљевски збор биле уапсени 67 демонстранти, а десетици се повредени и претепани од полицајците.
На снимката се гледа како десетина српски полицајци претепуваат момче на улица во Ваљево. Момчето лежи на асфалт, а полицајци кои наидуваат на него го удираат со пендреци и го клоцаат со цокулите иако еден полицаец веќе го совладал и со колено го стиска по градите.
По полициското иживување врз совладаниот демонстрант, приоѓаат полициски инспектори кои го влечат по улицата кон друго место каде ги собираат приведените.
Полициската бруталност не престанува и покрај апелите, повиците и навредите кои жителите на околните згради ги упатуваат кон полицајците и бараат да престанат со тепање и удирање на немоќното момче.
View this post on Instagram
