Вести Свет

Лондонската полиција уапси 150 лица на протест за поддршка на Палестина

Лондонската полиција уапси околу 150 демонстранти откако поддржувачи на забранетата група „Palestine Action“ намерно го прекршија новиот закон што ја забранува секоја јавна поддршка за организацијата.

Протестот, кој се одржа пред парламентот, доведе до низа апсења, откако полицијата утврди дека многумина носеле транспаренти со поддршка за групата.

„Palestine Action“ беше прогласена за терористичка организација од британскиот Парламент во јули, по напад на воздухопловна база на Кралското воздухопловство, каде што активисти оштетија два авиона.

Групата претходно таргетираше израелски одбранбени компании и објекти во Британија со врски со израелската војска.

Поддржувачите на групата го оспоруваат законот на суд, тврдејќи дека го ограничува правото на слобода на изразување.

„Го осудувам геноцидот. Ја поддржувам Palestine Action,“ беше пораката на некои транспаренти, што полицијата го смета за прекршување на законот.

Додека британската влада ја брани забраната како неопходен чекор за националната безбедност, многу поддржувачи на Палестина ја критикуваат за неактивност во справувањето со конфликтот во Газа.

За утре се најавени и контрапротести, со барања за ослободување на израелските заложници задржани од Хамас од октомври 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе