Се плашам
Не се плаши, нема потреба.
Може ли да ме држиш за рака?
Секако дека можам.
Се плашам.
Немој, Инчи, не се плаши.
Види ќе излеземе за минутка.
Не ги чувствувам нозете.
23 часа 16-годишната Инчи Окан чекаше жива закопана под урнатините да биде спасена. Надвор ја чекаше мајка и во страв , паника и солзи дека нема да ја види.
Четири илјади спасувачите не престануваат да копаат под бетонските блоковима урнатите згрдаи во Измир. Завршена е потрагата во осум згради, остануваат уште девет…
Од внатре се уште се слушаат лелеци за помош..Успеаа да извадат стотина луѓе, дел од нив се живи. По долга акција, спасена е и мајка со три деца.
Но се зголемува и бројот на извлечените безживотни тела. Страотниот земјотрес досега зеде 30-тина луѓе. Но, под урнатините се трага по уште 200-те.
Најпогодена е измирската населба Бајракли. Три илјади луѓе ноќта ја минаа во брзо поставениот шатор. Но, не останаа сите таму…чекаа пред урнатините и се молеа за своите најблиски.
Мојата внука, вујко ми, баба ми и семејството живеат тука, и тетка ми и ќерка ми жиеват тука. Многу семејства живеат тука, и безнадежно чекаме. Рекоа дека има 4 тела под урнатините, но не знаеме кои се. Се што можеме е само да чекаме. Внуката и тетка ми ги спасија, но се уште чекаме вести за другите од семејството. Господ да ни помогне, не сакам да изгубам надеж.
Акцијата беше сопрена од следните 400-тини помали потреси, од кои речиси 33 биле со јачина од 4 рихтерови степени, по што следуваше и мало цунами. Тоа предизвика поплави на грчкиот остров Самос, чие тло исто така силно се тресеше. Се урна средното училиште, а двајца тинејџери не успеаа да се спасат. Ѕидовите се урнаа врз нив. Но, за разлика од Измир, каде има 800-тини повредени, тука се повредени девет деца, кои засега се во добра состојба.
Трагедиите како и секогаш ги сплотуваат луѓето. Па така, и земјотресот ги смири тензиите меѓу Турција и Грција, кои траат со месеци.
Турција има многу повеќе жртви и масивни штети. Се слушнав со претседателот Ердоган, му кажав дека и покрај нашите тешкотии во односите, во овие моменти заедништвото на нашите народи е најважно, бидејќи за нас, заштитата на човечкиот живот ги надминува границите и разликите. Му заблагодарив што позитивно реагираше на мојот повик, изјави грчкиот премиер Мицотакис.
Турција е во затегнати односи и со остатоток на Европа. Сепак, не изостана поддршката и солидарноста од европските челници. Турција е во колективен шок од вчерашниот земјотрес. Ова е втор по ред силен потрес во земјата, а многумина стравуваат дека следниот ќе биде посмртоносен.
Алиса Шутиноска