Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Возеле во контраправец на автопат – пет тинејџери загинаа во Ирска

/

Свет

Сподели преку :

Пет тинејџери загинаа во Ирска откако, управувајќи автомобил во спротивен правец на автопат, се судриле со друго возило што се движело прописно. Во несреќата се тешко повредени четири лица кои прописно се движеле на автопатот.

Меѓу нив и седумгодишно момче додека состојбата на три жени е критична. Сите се дел од иста фамилија и во моментот на несреќата се движеле кон аеродром за да отпатуваат на годишен одмор.

„Стандардна пракса е полицијата да не се пушта по автомобили кои возат во погрешен правец на автопат поради ризик за останатите учесници во сообраќајот.

Полициски извори наведоа дека тинејџерите се движеле во контра правец, а она што таквото однесување го прави уште поужасно е што во некои случаи тоа се прави за лајкови на социјалните мрежи.

Девет луѓе беа повредени во текот на овој месец, кога автомобил налета на возило со осум момчиња кои се движеле во спротивен правец на главната обиколница во Даблин, наведе полицијата.