Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) По влезот на илјадници мигранити, Италија бара Шпанија да биде суспендирана од Шенген

/

Свет

Сподели преку :

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.

„Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“.

Мигранти вчера ја преплавија шпанската граница во северноафриканска енклава Сеута, совладувајќи ги крајбрежните полициските сили, откако допливале од мароканската страна.

Како што соопшти Шпанската цивилна гарда, во инцидентот загинале девет мигранти, а шпанските вооружени сили испратија дополнителни 60 војници како засилување на полицијата.

(Видео) Масовно влегуваат во море, излегуваат како мравки – мигранти од Мароко ја преплавија шпанската енклава Сеута

Границата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, е преплавена со мигранти кои ја надвладеаја полицијата на брегот на градското пристаниште, откако препливаа од мароканска страна, соопшти шпанската Цивилна гарда. BREAKING: 🇪🇸 An “absolute migratory emergency” has been declared in Spain's enclave of Ceuta after a massive surge of illegal migrants. Hundreds of Moroccan and… Продолжи со читање

telma.com.mk