Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Масовно влегуваат во море, излегуваат како мравки – мигранти од Мароко ја преплавија шпанската енклава Сеута

/

Свет

Сподели преку :

Границата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка, е преплавена со мигранти кои ја надвладеаја полицијата на брегот на градското пристаниште, откако препливаа од мароканска страна, соопшти шпанската Цивилна гарда.

Нејзиниот портпарол рече дека мигрантите „масовно влегуваат во морето“ преку браната, односно граничниот премин Тарахал, без можност да даде проценка за нивниот број. Според шпанската државна телевизија ТВЕ, границата ја минале меѓу 2.000 и 3.000 млади луѓе. Државната новинска агенција ЕФЕ, пак, известува дека стотици млади луѓе можеле да се видат како се искачуваат преку заштитната ограда која во моментот не била под полициски надзор и влегуваат во Сеута.

Сеута заедно со Мелилја, уште еден шпански автономен град во Северна Африка, претставуваат единствена копнена граница на Европската Унија со африканскиот континент.

Градоначалникот и претседател на Сеута, Хуан Хезус Вивас ја повика владата во Мадрид да прогласи вонредна состојба поради масовните влегувања. Регионалната влада, пак, во објава на Икс побара од националната да распореди војска поради осигурување на безбедноста, како и затворање на границата со Мароко.