Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Двајца тешко повредени, превртени возила, оштетени згради – торнадо ја погоди Сицилија

/

Свет

Сподели преку :

Две лица се тешко повредени во торнадо што денеска го погоди западниот брег на Сицилија, оставајќи зад себе оштетени згради и превртени возила, пишуваат италијанските медиуми.

Невремето предизвика значителна штета во градовите Марсала, Петросино и Мацара дел Вало.

Шефот на Цивилната заштита на Сицилија, Салваторе Кочина изјави дека торнадото било невообичаено силно.

„Беше речиси како американско торнадо, никој не памети нешто слично“, рече Кочина.

Тој додаде дека Цивилната заштита уште во септември предупредувала за можност од екстрелни временски прилики оваа есен. Како причина ја наведоа акумулираната топлина во морето по исклучително жешкото лето.

Предупредувањето за опасни временски прилики на Сицилија останува на сила и за утре.