Украинскиот претседател Володимир Зеленски бележи пад на рејтингот и се наоѓа на шестото место според истражувањето на институтот Созис, објавено по протестите во земјата како последица на смената на министерот за одбрана, Михајло Федоров.
Само 18 отсто од испитаниците одговориле дека целосно му веруваат на Зеленски, а уште 24,5 отсто „до некаде му веруваат“. Малку доверба во претседателот имаат 17 отсто додека 37 отсто се изјасниле дека воопшто не му веруваат.
Најголема доверба ужива поранешниот командант на украинските Оружени сили и актуелен амбасадор на земјата во Велика Британија, Валериј Залужни кому целосно му веруваат 37,1 отсто од испитаниците. Зад него се Федоров на второто место и Роберт Бовди, командант на украинските Сили на беспилотни системи.
На четвртото место е новиот Врховен командант на украинската војска, Михајло Драпати, а повисок рејтинг од Зеленски има и Кирил Буданов, шеф на претседателскиот Кабинет и поранешен директор на воената разузнавачка служба.












