Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тинејџер планирал масовен напад во трговски центар во Минесота, ФБИ го уапси

/

Свет

Сподели преку :

Планиран терористички напад врз трговски центар во Минесота спречи ФБИ и уапси 18-годишник, откако агентите го следеле речиси две години и во тајна операција му продале автоматска пушка АК-47 и муниција, соопштија денеска американските власти.

Осомничениот Шејкдун Абдулахи Мохамуд бил уапсен во вторникот во парк во Ричфилд, откако на агент на ФБИ под прикритие, кој се претставувал како припадник на Исламска држава, му платил 600 долари за пушката и 200 куршуми. Сојузниот обвинител Даниел Розен изјави дека агентите успеале навреме да ја откријат заканата и да го спречат нападот, наведувајќи дека Мохамуд планирал да убие меѓу 30 и 60 луѓе.

Според кривичната пријава, Мохамуд од декември 2024 година разменувал пораки со доверлив информатор на ФБИ. Тој првично имал намера да замине во Сомалија за да се бори на страната на милитантите од Ал Шабаб, но бидејќи ги немал потребните финансиски средства за патувањето, одлучил да изврши напад врз трговски центар во САД.

Во разменетите пораки тој повеќепати потврдил дека има намера на 24 октомври да изврши напад и да убие немуслимани во трговскиот центар, за кога била закажана културна манифестација на етничката заедница Хмонг. На прашањето дали е сигурен во својата намера, тој одговорил: „Да, 100 отсто сум сигурен“.

Мохамуд вчера беше изведен пред федералниот суд во Сент Пол, каде што изјави дека е невработен, нема дом, автомобил ниту парични средства на банкарска сметка. На сослушувањето го застапуваше федералната јавна бранителка Сири Карлсон Мекдауел.