Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во магацини на „ЕМКО“ во Бугарија, надлежните смируваат: Нема опасност за населението

/

Свет

Сподели преку :

Голем пожар избувнал доцна синоќа во магацин за муниција и барут на воениот завод „ЕМКО“ во Бугарија. Пожарот избувнал околу 23:20 часот.

Градоначалникот на Велико Трново, Даниел Панов, информира дека на територијата на општината нема жаришта предизвикани од пожарот. Подрачјето било проверено и од пожарникарските екипи.

Панов апелираше до граѓаните да останат смирени и да не шират паника. Тој е во постојан контакт со соседните општини, како и со локалните служби.

Според досегашните информации, во пожарот бил зафатен еден магацин, при што дошло и до експлозија. Надлежните уверуваат дека засега нема опасност за населението.