Популистичкиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, синоќа си поднесе оставка за да се кандидира за премиер на претстојните предвремени парламентарни избори, кои ќе ја стават на тест неговата цврста власт во оваа балканска земја по речиси две години протести.. Вториот претседателски мандат на Вучиќ инаку би завршил во мај следната година.
- „Денес е денот, почитувани граѓани, кога поднесувам оставка. И за последен пат како претседател на Републиката, ќе се обидам да не ве замарам со премногу бројки“ – Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Откако го прочита краткиот текст на оставката, Вучиќ ја потпиша, со што таа практично беше испратена до српскиот парламент на одобрување.
- „За поднесувањето на оставката ќе ја известам јавноста согласно Уставот, претседател на државата Александар Вучиќ,“ речетој додека просутните раколескаа.
Според Уставот на Србија, нему му е забрането да бара трет мандат, а изјави дека поднесува оставка за да ја предводи својата десничарска Српска напредна странка на изборите на 25 октомври.
Овој популистички лидер на власт се соочува со голем предизвик на изборите од движење поддржано од младите, кое ги предводеше протестите поттикнати од уривањето на настрешницата на железничката станица на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица во северниот град Нови Сад.
Универзитетските студенти побараа одговорност за трагедијата.
Нивната борба за правда и против корупцијата прерасна во силно движење кое ќе се обиде да ја собори владата на Вучиќ по 14 години на власт.
Самиот Вучиќ изминатите 12 години беше или премиер или претседател.
Неговата оставка не беше законски потребна за да може да води кампања, но му го отвора патот да се обиде да ја добие помоќната позиција на премиер ако блокот предводен од СНС ја задржи контролата врз парламентот.
Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, близок сојузник на Вучиќ и поранешна премиерка, станува вршител на должноста претседател. Претседателските избори мора да се одржат во рок од три месеци од оставката на Вучиќ.
Премиерот е формално помоќен од претседателот според политичкиот систем на Србија. Сепак, во пракса, Вучиќ вршеше извонредно влијание додека беше претседател.
За време на неговите два мандата, тој често се обраќаше на нацијата, се појавуваше на провладина телевизија, а понекогаш претседаваше со владини седници или објавуваше големи владини одлуки.
Европскиот парламент и другите меѓународни набљудувачи постојано изразуваа загриженост за преклопувањето помеѓу владејачката партија, државните институции и политичката активност на Вучиќ.
Во својата оценка на изборите во Србија во 2023 година, Европскиот парламент ја наведе доминантната улога на претседателот во водењето кампања, злоупотребата на јавните ресурси, притисокот врз вработените во јавниот сектор и нееднаквата медиумска средина.
Билјана Ставрова












