Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 14 загинати, над 120 повредени – руски напад врз Криви Рог, Зеленски најави дека Украина ќе одговори

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку 14 луѓе загинаа, а над 120 се повредени при удар на два руски дрона во трговски центар во градот Криви Рог, во централна Украина, соопштија локалните власти. Меѓу повредените има 22 деца, рече регионалниот гувернер, Олександар Хања.

Украиснкиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „целосно циничен и подол“, наведувајќи дека вториот руски дрон го погодил трговскиот центар по половина час од првиот, со намера, како што додаде, „да ги погоди припадниците на итните служби“.

„Ваквите напади не се ништо друго освен терористички акти. Апсолутно руско ѕверство. Тие се монструми, сигурно ќе одговориме“, напиша Зеленски на Икс.