Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марта Кос со порака до земјите од Западен Балкан – Црна Гора е лидер во процесот на пристапување кон ЕУ

/

Свет

Сподели преку :

Денеска пред почетокот на самитот во Будва еврокомесарката Марта Кос нагласи дека Црна Гора е земјата што ја посетила најмногу оваа година, „што е нормално, со оглед на тоа што Црна Гора е лидер во процесот на пристапување кон ЕУ“.

  • Секогаш ми е задоволство да се вратам и да видам како напредува една земја која е решена да стане членка на Европската Унија. Пред нас се недели и месеци исполнети со пресудни моменти. За Црна Гора, пресуден момент ќе биде преминувањето на целта во процесот на пристапување кон Европската Унија. За Србија, тоа се изборите следната недела. За Албанија, тоа е одржувањето на темпото на европскиот пат, а, секако, за Косово, исто така, пресуден избор е да продолжи да дејствува во согласност со меѓународното право и владеењето на правото, Марта Кос.