Еврокомесарката Марта Кос на социјалните мрежи напиша дека враќањето на останките на Ратко Младиќ во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од поновата историја.
–Ратко Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Враќањето на неговите останки во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од нашата понова историја, напиша Марта Кос, комесар за проширување на ЕУ, на својот профил на социјалните мрежи.
„Вредностите врз кои почива нашата заедничка иднина не се предмет на преговори. Во овој контекст, решив да не ја реализирам планираната посета на Србија во овој момент“, напиша таа.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес го нарече објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка Марта Кос на Белград глупаво.
„Објаснувањето беше исклучително кратко, но глупаво, како и обично. ‘Глорификацијата’ на генералот Ратко Младиќ едноставно не кажува кој нешто глорификувал. А кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со подвозници, надвозници, претпоставувам дека требаше да им забраниме на луѓето да се појавуваат, требаше да забраниме погреби, треба да градиме гробишта за кучиња“, изјави тој денес пред новинарите.













