Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Копилотот на „Флајдубаи“ го нападнал капетанот со секирата за за итни случаи

/

Свет

Сподели преку :

Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ (Flydubai) што летал кон Израел го нападнал пилотот со секира за итни случаи во обид да ја преземе контролата врз леталото, соопшти јавниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати.

Летот од Дубаи кон Тел Авив, со повеќе од 170 луѓе во него, нагло изгубил висина од над 17.000 стапки (5.200 метри) по два и пол часа лет.

Капетанот Смит Мачхар изјави дека лежел повреден на подот во пилотската кабина кога сфатил дека авионот понира и дека мора да преземе нешто, објаснувајќи: „Си реков себеси да направам уште еден последен обид и да ја отворам вратата одвнатре“.

Патниците во авионот потоа успеале да влезат во пилотската кабина и да го совладаат напаѓачот, додека членови на екипажот кои биле на летот влегле во кабината и безбедно го приземјиле авионот.

Секирата за итни случаи обично се чува во пилотската кабина за да се користи во вонредни ситуации, како што се несреќи.

Јавниот обвинител на ОАЕ изјави за државните медиуми дека е во тек истрага за утврдување на сите околности и мотиви за инцидентот.

Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, копилотот што го извршил нападот бил државјанин на Оман.

Нетанјаху во четвртокот изјави за „Фокс њуз“ дека, откако бил совладан, напаѓачот им довикнал на членовите на екипажот: „Убијте ме, убијте ме!“

Тој додаде: „Значи, јасно е дека имал самоубиствени намери… Многу е веројатно дека планирал да го урне авионот“.

Тој исто така рече дека напаѓачот „бил подложен на исламистичка радикална индоктринација“.

ОАЕ започнаа истрага за тоа дали „инцидентот бил поврзан со каква било терористичка активност или цел“, според државната новинска агенција на земјата.

Мачхар, кој бил избоден за време на нападот, бил пренесен во блиска болница, а потоа со хеликоптер префрлен во Абу Даби, каде што, според извештаите, се наоѓа во стабилна состојба.

Тој бил во „добра здравствена состојба и добро закрепнувал“, соопштија од индиската амбасада во ОАЕ во четвртокот.

Пилотот изјави: „Уверен сум дека ќе закрепнам и дека повторно ќе бидам здрав и во добра форма“.

Мачар: Ги отворив вратите на пилотската кабина за патниците да влезат и да помогнат да се спречи наглото понирање на леталото

Ги отворив вратите на пилотската кабина за да им овозможам на патниците да влезат и да помогнат да се спречи наглото понирање на леталото, изјави денеска индискиот пилот Смит Мачар, кој беше нападнат од копилотот за време на лет кон Израел. Во видеоразговор со индискиот премиер Нарендра Моди, капетанот Мачар рече дека сфатил, додека копилотот… Продолжи со читање

telma.com.mk

Б.С.