Ги отворив вратите на пилотската кабина за да им овозможам на патниците да влезат и да помогнат да се спречи наглото понирање на леталото, изјави денеска индискиот пилот Смит Мачар, кој беше нападнат од копилотот за време на лет кон Израел.
Во видеоразговор со индискиот премиер Нарендра Моди, капетанот Мачар рече дека сфатил, додека копилотот го напаѓал, дека авионот губи висина и дека мора нешто да преземе.
Тој му објасни на премиерот како се обидувал, повреден, да ги отвори вратите на пилотската кабина.
– Се борев за сопствениот живот, но истовремено знаев дека нема да дозволам други да загинат – додаде пилотот, кој по инцидентот беше хоспитализиран и е во стабилна состојба.
По нападот врз пилотот Мачар, за време на летот на компанијата Флај Дубаи од Дубаи за Тел Авив, авионот мораше да го промени курсот и да слета во Саудиска Арабија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека напаѓачот „многу веројатно имал намера да го собори авионот“, како и дека има индикации дека „поминал низ исламистичка радикална индоктринација“












