Затворање на производството во американскиот дел од Мексиканскиот залив, каде се приближува ураганот Исајас, повторно ја зголеми цената на гасот во Европа. Мегават час со рок на испорака во ноември претпладнево на холандската берза ТФФ чинеше 79,75 евра, односно за околу два отсто повеќе од вчерашното затворање на тргувањето.
Според прогнозите на американскиот Центар за урагани, патот по кој се движи Исајас опфажа подрачја со значително производство на гас и нафта на море, како и бројни рафинериски постројки на брегот. Според податоците на американската Управа за минерали во море, пак, до вчера беше запрено отприлика четвртина од производството на нафта во Мексиканскиот залив и шестина од производството на гас.
Flashes of lightning punctuate Isaias’ swirling clouds as it strengthens into the first Atlantic hurricane of the season. The northern Gulf Coast is alert for dangerous storm surge, damaging winds and flooding rain ahead of an expected landfall late Friday or early Saturday.
Track it with our experts in the CNN Weather app: https://t.co/4dhj824XQQ
— CNN (@CNN) October 8, 2026
Соединетите Американски Држави лани беа втор најголем добавувач на гас во Европската Унија. Во ЕУ биле испорачани 75,6 милијарди кубни метри гас или повеќе од четвртина од вкупниот увоз на ЕУ. Повеќе природен гас во ЕУ во 2025 година е набавен само од Норвешка или вкупно 89,3 милиајрди кубни метри, што одговара на 30,9 отсто од вкупните странски испораки на енергенсот.












