Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Стиховите од песна на Северина се најдоа во предизборна порака на студентите од Србија

/

Свет

Сподели преку :

Студентите кои стојат зад изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“ објавија  видео во кое искористија  стих од песната „Бред Пит“ на Северина.

Пејачката, веднаш ја сподели на социјалните мрежи.

Северина пее „Ајде пријди ми, бројам до три“, токму оваа асоцијацијата е бројот под кој студентите се на гласачката листа.

Тие објавија и порака инспирирана од уште една нејзина песна – „Добредојде во клубот“.

– Добредојде во клубот, седни, удобно смести се – студентите победуваат, зарем тоа не се добри вести? – гласи нивната преработена порака, која Северина исто така ја сподели на социјалните мрежи.