Бугарскиот бизнисмен Слави Бинев ги познавал тројцата мажи приведени под сомнение за неговото убиство, соопшти главниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Љубомир Николов. Според првичните сознанија на истрагата, можно е мотивот за убиството да се нерешени финансиски односи, но надлежните засега не соопштуваат конкретни детали.
Безбедносните камери го снимиле пристигнувањето на сив џип „Range Rover“ пред домот на Бинев во софискиот кварт Павлово. На други снимки, според бугарската телевизија bTV, се гледа како бизнисменот ги поздравува тројцата мажи. Нешто подоцна, тој е застрелан со еден куршум во главата и починал.
Двајца од уапсените се од турско потекло, додека третиот поседува бугарски лични документи. При апсењето биле пронајдени два пиштола. Едниот, бил фрлен непосредно пред запирањето на возилото, а другиот бил пронајден во торба што му припаѓала на еден од приведените.
„Претпоставуваме дека мотивот за убиството, иако е рано да се коментира, се нерешени финансиски односи“, изјави Николов.
Тој посочи дека, според досегашните сознанија, убиството не изгледа како нарачано, бидејќи осомничените и Бинев се познавале подолго време.
Според Министерството за внатрешни работи, тројцата осомничени се занимавале со градежништво и граделе два станбени комплекса во Софија. Досега, сепак, не е утврдена деловна поврзаност меѓу нивната компанија и Бинев.

Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев бил застрелан во Павловската област во Софија, објави бугарската агенција БГНЕС. Според агенцијата, пријавата за убиството била примена утрово, во 10:28 часот наутро, од работник во куќата на Бинев, кој рекол дека слушнал истрели, а кога отишол да провери што се случува, го видел Бинев застрелан во главата и телото.… Продолжи со читање












