Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трето убиство на бизнисмен во Бугарија за три месеци- утринава е застрелан Слави Бинев

/

Свет

Сподели преку :

Познатиот бугарски бизнисмен Слави Бинев бил застрелан во Павловската област во Софија, објави бугарската агенција  БГНЕС. Според агенцијата, пријавата за убиството била примена утрово, во 10:28 часот наутро, од работник во куќата на Бинев, кој рекол дека слушнал истрели, а кога отишол да провери што се случува, го видел Бинев застрелан во главата и телото.

Според Бгнес, ова е трето убиство на бизнисмен во последните три месеци во Бугарија.

Бинев покрај спортската кариера – како апсолутен европски шампион во теквондо бил познат и како бизнисмен –  со фирми за безбедност, градежништво и забава, управувајќи со некои од најпопуларните ноќни клубови во главниот град. Во два мандати бил европратеник од листата на  партијата Атака, а бил  пратеник и во Народното собрание на Република Бугарија.

Пред неполн месец во Буграија беше убиен Илијан Филипов -коосновач на една од најголемите компании во Бугарија, ПИМК, која се занимава со меѓународен транспорт, градежништво и железнички транспорт. Тој ја извршуваше и финкцијата претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ (Пловдив). Не е расчистено ни убиството на Владимир Јанков, кој водеше огромен бизнис со увоз на кафе, чај и опрема за автомати за продажба од Италија, а беше убиен на 27 јули. Според истражителите, тој бил жртва на брутално насилство – бил мачен 3 часа, тепан и задавен.