Шест члена на екипажот на товарниот брод „Челзи 3“ се повредени во напад со дрон во близина на брегот кај Бјала. Петмина се здобија со полесни повреди и беа примени во болницата „Света Ана“ во Варна, додека еден морнар беше префрлен во Воено-поморската болница со полесни изгореници. Нема извештаи за сериозни повреди.
Бугарскиот премиер Румен Радев соопшти дека се регистрирани нови напади со дронови врз бродови во Црното Море, во близина на бугарските територијални води.
На итен состанок на Советот за безбедност била примена информација за потонат брод источно од Крапец, при што еден член на екипажот бил спасен.

Во друг инцидент, бродот „Челзи 3“, кој пловел под малтешко знаме и е во украинска сопственост, бил погоден од три дронови источно од Бјала.
Сите 15 членови на екипажот биле евакуирани и пренесени во Варна, а петмина добиле медицинска помош.
Бугарија побара меѓународна поддршка во истрагата за нападите врз три брода, со цел да се утврди потеклото на дроновите.
Радев нагласи дека засега нема цврсти докази за да се обвини конкретна страна, но најави разговор со руската амбасадорка во Софија и побара засилување на воздушниот и поморскиот надзор..












