Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британската влада со барање до универзитетите да прекинат соработка со кинески институт поради шпионажа

/

Свет

Сподели преку :

Британската Влада побара од универзитетите да ја прекинат соработката со Кинескиот институт за истражување на општа технологија (China General Technology Research Institute – CGTRI), за кој разузнавачката служба MИ5 тврди дека е позадина за шпионски активности. Министерот за безбедност Ден Џарвис изјави дека британските академици треба да ги прекинат сите врски со кинескиот институт.

Британската разузнавачка служба MИ5 соопшти дека повеќе од 100 академици, поврзани со Велика Британија, работеле на проекти тајно финансирани од кинеската контраразузнавачка служба, преку CGTRI. Меѓу другото, проектите имале врска со кибер безбедност и вештачката интелигенција.

MИ5 соопшти дека институтот има „многу силни врски со Министерството за државна безбедност на Кина“ и се стреми да финансира истражувања што ги унапредуваат техничките способности на (кинеската држава) за шпионажа.