Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АФД слави успех во Мекленбург-Западна Померанија, за Мерц изборниот пораз е катасрофа

/

Свет

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека планира да остане на функцијата по поразиот на неговата партија на  покраинските избори чиј резултат го опиша како „катастрофа“.  Излезните анкети покажаа дека Христијанско-демократската унија предводена од Мерц, освоила само 5% во Мекленбург-Западна Померанија – што претставува најслаб резултат на партијата во која било сојузна покраина уште од Втората светска војна.

-Денес видовме два изборни процеса со многу различни резултати. Не можеме да ја разубавуваме сликата за резултатот во Мекленбург-Западна Померанија. Тоа е катастрофа. ЦДУ водеше силна борба, но на крајот претрпе тежок пораз во соочувањето меѓу СПД и АфД, изјави Фридрих Мерц, германски канцелар:

Мерц сепак повторно цврсто застана зад плановите на владата за реформи во најголемата европска економија и потврди дека ќе остане на функцијата канцелар. Тој истакна дека економските и политичките проблеми на Германија ги прават тешките и потенцијално непопуларни реформи уште поитни, а не помалку важни, и вети дека ќе продолжи со „цврстина, постојаност и трпение“.

-Овие реформи се противотров за отровот на авторитаризмот, кој сè подлабоко навлегува во нашето општество како што расте привлечноста на авторитаризмот. Она што сега треба да се направи, бара цврст карактер, постојаност и трпение. Јас ќе ги покажам овие квалитети како претседател на ЦДУ и, пред сè, како канцелар на нашата земја, истакна  Мерц

Во Мекленбург-Западна Померанија, Алтернатива за Германија  слави со освоени 38 проценти. На второ место е Социјалдемократската партија на Германија со 36,5 проценти. ЦДУ и Левицата освоија по пет односно шест проценти од гласовите. АФД ја прослави својата предност и значителниот изборен успех.

–Ова е прекрасна вечер за ‚Алтернатива за Германија‘. Освоивме 20 проценти повеќе од двојно зголемување. Ова е навистина силен резултат што го постигнавме овде. Исто така, видовме дека луѓето сакаат промени. И тоа јасно се гледа од бројките. Ние водиме и, се разбира, сакаме да го задржиме водството до крајот на вечерта. Сакаме да станеме најсилната политичка сила, изјави Лајф-Ерик Холм, кандидат на AfD, Мекленбург-Западна Померанија.

И премиерката на Мекленбург-Западна Померанија, Мануела Швезиг, им се заблагодари на гласачите за резултатите од покраинските избори

-И сакам да ви кажам. Сакам да ви кажам вам, како и на сите граѓани кои ми дадоа огромна поддршка во изминатите недели – кои разговараа со мене, дури и денес пред избирачките места, на црковната служба или на улиците, и кои ја изразија својата желба работите во оваа земја да продолжат во добра насока, а јас да ја продолжам својата работа. И знам дека денес, како SPD-MV (Мекленбург-Западна Померанија), добивме голема доверба за то, истакна Швезиг.

 Ситуацијата во Брелин е поинаква. Таму демохристијаните  по се изгледа го загубија градоначалничкото место. Според излезните анкети, најмногу гласови досега освои  левичарската партија со 24,5 проценти, додека Христијанско-демократската унија на Мерц е веднаш зад неа со 20 проценти од гласовите. Крајнодесничарската Алтернатива за Германија  во Берлин освои 16 проценти од гласовите што е пораз во однос на 9 те проценти што ги освои пред три години.

Кристина Кузмановски

Мерц призна пораз на изборите: „Резултатот е катастрофа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ѝ се обрати на јавноста по денешните избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија и ги коментираше резултатите на ЦДУ. Додека резултатот во Берлин го оцени како солиден, тој изјави дека исходот во Мекленбург-Западна Померанија го нарече катастрофа. „Не можеме да го разубавуваме резултатот во Мекленбург-Западна Померанија, тоа е катастрофа, рече Мерц.… Продолжи со читање

telma.com.mk

Неизвесна судбината на Мерц, избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија

Отворени избирачките места за изборите во две германски сојузни покраини, на кои се очекува крајно десничарската партија АфД  да оствари дополнителен напредок – исход што би можел да одлучи дали канцеларот Фридрих Мерц ќе успее да ја задржи власта и да продолжи со спроведувањето реформи во најголемата европска економија. Покраинските избори се одржуваат во Мекленбург-Западна… Продолжи со читање

telma.com.mk