Отворени избирачките места за изборите во две германски сојузни покраини, на кои се очекува крајно десничарската партија АфД да оствари дополнителен напредок – исход што би можел да одлучи дали канцеларот Фридрих Мерц ќе успее да ја задржи власта и да продолжи со спроведувањето реформи во најголемата европска економија.
Покраинските избори се одржуваат во Мекленбург-Западна Померанија како и во главниот град, Берлин.
Леиф-Ерик Холм, кандидатот на партијата „Алтернатива за Германија“ кој е наклонет кон Русија го даде својот глас во Шверин со надеж дека многу граѓани ќе излезат да гласаат за како што рече својата иднина.
-Се надевам дека многу луѓе денес ќе излезат на гласање и навистина ќе сакаат да донесат промени овде во покраината. Во Саксонија-Анхалт видовме висока излезност на гласачите. Се надевам на истото и за Мекленбург-Западна Померанија – дека многу граѓани ќе учествуваат во одлучувањето за иднината на покраината, изјави ајф-Ерик Холм, кандидат на АФД за Мекленбург-Западна Померанија.
Според последната анкета пред изборите, СПД имаше поддршка од 37%, а АФД од 36%.
Холм исто така рече дека силниот резултат на АФД, би можел да има последици за канцеларот Мерц.
Премиерката на Мекленбург-Западна Померанија и водечка кандидатка на СПД, Мануела Швезиг,исто така го оствари своето право на глас во Шверин. Таа се бори за уште еден мандат на чело на покраината.
–Денес, граѓаните ја носат одлуката за Мекленбург-Западна Померанија. Граѓаните можат самите да го формираат своето мислење. Тие се оние што одлучуваат. Тоа е добро и исправно. А ние потоа ќе ја прифатиме таа одлука и ќе се обидеме врз основа на неа да формираме добра и стабилна влада, доколку граѓаните одлучат дека тоа е вистинскиот пат, изјави Мануела Швезиг, премиерка на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Според аналитичарите се очекува регионалните избори во Германија овој викенд да донесат дополнителен успех за екстремно десничарската партија и да одредат дали канцеларот Фридрих Мерц ќе може да ја задржи власта.
-Авторитетот на Мерц претрпе сериозен удар по поразот на неговата партија пред две недели во источната покраина Саксонија-Анхалт. Партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD) – која се залага против миграцијата и е наклонета кон Русија – таму за малку не освои мнозинство. Се очекува AfD да забележи раст на поддршката на денешните избори, иако патот до власта за нив останува блокиран бидејќи главните партии ја исклучија можноста за соработка со нив. ЦДУ на Мерц, партија од десниот центар, се соочува со тешка ноќ. Во Берлин, партијата ризикува да ја загуби градоначалничката функција, додека во Мекленбург-Западна Померанија би можела да падне под прагот од 5% потребен за влез во покраинскиот парламент, вели Керстин Сопке, Асошиејтед прес
Силниот резултат на АфД на изборите во Саксонија-Анхалт дополнително ја ослабе позицијата на канцеларот и на национално ниво, а во изминатите две недели се појавија повици – дури и од неговата сопствена партија – за негова замена на канцеларската функција. Ниту еден од неговите клучни сојузници јавно не побарал негово повлекување, а многумина предупредија да не се отвораат „кадровски дебати“.
Кристина Кузмановски












