Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Видео | Тошковски на „Ѕидот на срамот“, тој најави боди камери и видео врска за пријавување семејно насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се најде на „Ѕидот на срамот“ на страната на Мрежата за заштита од дискриминација поради неусвојување на предвидените измени на осум закони за заштита од насилство врз жените и семејно насилство. Од Мрежата бараат предложените измени да бидат усвоени најдоцна до 10 декември. „Конкретно ...

Македонија

Видео | Или 180 денари за студентски оброк или протести – студентите со ултиматум до МОН

Околу седум илјади студенти гласале дека бараат студентскиот оброк да изнесува 180 денари. Барањето денеска ќе биде доставено до Министерството за образование и наука. Доколку во рок од две недели не добијат конкретен одговор ќе протестираат. „Седум дена ќе почекаме нашето барање да биде разгледано од МОН, а вкупно 14 ...

Македонија

Видео | Студентите најавуваат протести доколку субвенционираниот оброк не се зголеми за 40 денари

Студентите бараат износот на субвенционираниот студентски оброк да биде зголемен на 180 денари, во спротивно најавуваат протести. Велат дека оваа сума е пресметана врз основа на стапката на инфлација во изминатите три години, период во кој вредноста на оброкот не била зголемена. Министерката за образование, Весна Јневска, претходно рече дека ...

Македонија

Видео | Во Итната медицинска помош недостига кадар, ресурсите се лошо распоредени и службата е преоптоварена

Недостиг од медицински екипи, нерамномерна распределба на ресурсите и преоптовареност на службата се дел од проблемите со кои се соочува итната медицинска помош, овие проблеми ги утврдил министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета. За решавање на овие проблеми Клековски предлага издвојување на итната медицинска помош од здравствените домови ...

Македонија

Видео | Повторно недостига терапија за онколошките пациенти, одговорноста се префрла

Онколошките пациенти повторно се соочуваат со недостиг на терапија, потврдија од здружението ХЕМА-ОНКО. Неколку дена на Клиниката за онкологија го нема лекот Паклитаксел, кој се користи во лекувањето на повеќе видови карцином и го спречува размножувањето на малигните клетки. Министерот за здравство Сашо Клековски го потврди недостигот на лекови, но ...

Македонија

Видео | Секој четврти тинејџер се коцка – граѓаните бараат оддалечување на обложувалниците од училиштата

Секој четврти ученик на возраст од 15 или 16 години се коцка, ова го покажува Европско истражување во училиштата за употреба на алкохол и други дроги. Уште позагрижувачки е дека и девојкте се обложуваат, но тоа почесто го прават онлајан… Граѓаните сметаат дека коцкарниците и обложувалниците не треба да бидат ...

Економија

Видео | Протест пред Владата против фемицидот и насилството врз девојки и жени

Со едноминутно молчење во спомен на сите жртви на насилство започна блокадата „Ниту една повеќе“ пред Владата. Присутните им оддадоа почит на жените и девојките чии животи беа згаснати како последица на насилство, а потоа повици за правда и одговорност одекнуваа пред владината зграда. „Сите за една, една за сите“, ...

Македонија

Видео | Дел од факултетите и ректоратот на УКИМ на ЕВН ѝ должат околу половина милион евра, министерката уверува пари има

Добија струја, но и рок до петок да ги платат сметките – дел од факултетите и ректоратот на УКИМ на ЕВН ѝ должат околу половина милион евра. Ако не го подмират долгот до утре, Електродистрибуција повторно ќе им ја исклучи струјата. Министерката за образование Јаневска уверува дека нема да дозволат ...

Македонија

Видео | Студентите останаа без бесплатен превоз – старите картички блокирани, дигиталните билети сè уште не функционираат кај сите

Студентите останаа без физичките картички за бесплатен јавен превоз, а новите дигитални билети преку апликацијата „Скопје бус“ сѐ уште не се достапни кај сите. Поради тоа, голем дел од нив останаа без бесплатно возење и стравуваат дека може да добијат казна додека патуваат до факултет. „Билетите за ЈСП не се ...

Македонија

Видео | Најмладата пациентка со цервикален карцином има 18 години, лекарите со повик родителите да ги вакцинираат децата пред првиот сексуален однос

Секоја година во земјава околу 120 жени заболуваат од инвазивен рак на грлото на матката. Половина од нив ја губат битката со болеста. Најмладата пациентка има само 18 години. „ Деведесет отсто од популацијата, значи момчињата и девојчињата, треба да бидат вакцинирани против ХПВ вирусот, 70 отсто од пациентките треба ...

Македонија

Се зголемува бројот на предвремено родени бебиња

715 грама – толку тежело едно од најмалите бебиња родени кај нас. На свет дошло пред да наполни 7 месеци. Секое десетто бебе во земјава се раѓа предвреме, а бројот на вакви породувања се зголемува. Лекарите се грижат за нив со помош на современа опрема, а смртноста бележи пад. „Минатата ...

Македонија

Редици пред филијалата на АЛТА во ТЦ „Бисер“ – гувернерот Славески со кривични пријави против СДСМ

По турканиците во Битола, во Струмица и во Тетово, денеска редици граѓани чекаа да ги подигнат своите пари и пред филијалата на АЛТА банка во трговскиот центар „Бисер“ во Скопје. Внатре работеа два шалтера, а редар ги пропушташе клиентите, еден по еден. Некои чекаа и по два часа за да ...

Македонија

Видео | Филипче: Во кое својство Мицкоски бара купувачи за Алта банка – ВМРО-ДПМНЕ возврати со обвинувања за 110 милиони евра од Венецуела

И во денешниот допис од Народната банка нема информации за евентуален купувач на Алта банка, ниту дали од Србија добиле известување во врска со продажбата на акциите на банката. Од информацијата што треба да пристигне од Белград зависи каде и како би се продавале акциите. Ако истите не бидат продадени ...

Економија

Видео | „Нема да нѐ снема“ – граѓаните на протест против фемицидот

Со едноминутно молчење во знак на почит кон 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која беше убиена од својот партнер, започна протестот против фемицидот. Присутните граѓани го изразија својот гнев и незадоволство од институциите, кои според нив, повторно потфрлиле во заштитата на жртвата. „Мојот став е дека проблемот не е само ...

Македонија

Војниците бараат правда – еднаква отпремнина и договори на неопределено време

Со транспаренти „Не бараме милостина, бараме еднаквост“, „Нашето достоинство не е во пензијата“ и „613 ветерани не бараат виновници, бараат државата да ја исправи неправдата“, поранешните професионални војници излегоа на протест пред Владата. Тие реагираат на големите разлики во исплатата на отпремнина по законските измени и бараат еднаков третман за ...

Македонија

Видео | Македонски и израелски хирурзи извршија 16 сложени зафати на шаките кај повредените од Кочани

На 16 повредени пациенти во трагедијата во Кочани им биле направени хируршки зафати на шаките. Операциите ги извршиле македонски доктори под надзор на израелски експерти, а изборот на пациенти бил направен според функционалноста на шаката. „Се одлучи да се направат 10 оперативни зафати во два дена во болницата во Кочани. ...

Македонија
Тамара Маковска

Автор: Тамара Марковска